Сообраќајка во Македонија: Возач изгубил контрола и излетал од патот

 

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 14 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови.

Како што информираат од полиција, патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 80-годишниот О.К. од Гостивар, загубило контрола и излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 74-годишната Е.К., исто така, од Гостивар. Таа била пренесена во болницата во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

08.10.2018 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега