Инцидент во Скопје - сопственик на кафуле избоден со нож
Синоќа во 23:40 часот во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје имало пресметка во која учествувале повеќе лица.
Двесет и три годишниот Р.Е. и 21-годишниот Т.А. двајцата од село Батинци, од една страна и од друга страна сопственикот на кафе барот Д.С., кој се здобил со тешки телесни повреди нанесени со нож. Со тешки телесни повреди се здобил и А.П.. Двете повредени лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Сторителите се приведени и задржани во полициска станица.
08.10.2018 - 14:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа