Во напад врз село со Сирија загинаа петнаесет лица

Опозициската Сириска организација за човекови права соопшти дека најмалку 15 лица се убиени, а 10 повредени во напад на сириските безбедносни сили врз едно сунитско село во централната провинција Хама.

Во соопштението на оваа група се наведува дека нападот бил извршен доцна синоќа, а сириските и прорежимските сили од редовите на алавитите „извршиле масакр“.

„Петнаесет лица се убиени - две жени, едно дете и 12 мажи“, се вели во соопштението, потенцирајќи дека засега не се знае дали сите загинати мажи биле цивили.

 Според податоците на ОН, во судирите во Сирија од март 2011 година животот го загубиле повеќе од 100.000 луѓе.

21.09.2013 - 12:45