Шест загинати при напад врз полициската база во Ирак

Во напад на четворица бомбаши-самоубијци врз полициска база северно од Багдад и престрелка кој траела речиси цел еден час, денеска се убиени шест припадници на специјалните ирачки полициски сили.

Напаѓачите ги убиле чуварите пред базата во Баиџи, на 180 километри од Багдад.

За време на престрелката еден од напаѓачите е убиен, а останатите тројца при активирањето на експлозивот.

 Повеќе од 4.000 луѓе загинале оваа година во Ирак во периодот од април до август.

21.09.2013 - 12:37

најчитано сега