Северина доживеала фијаско: Публиката си отишла после еден час

Хрватската поп-пејачка Северина Вучковиќ синоќа настапи во Бачки Петровец во полу-празна сала.

Покрај новата фризура, пејачката го промовираше и својот речиси анорексичен изглед . Сепак во просторот кој собира околу пет илјади луѓе се собрале само 2.000. Ова сепак не ја изненадило  Северина пo oва веднаш рекла:

„Ми рекоа дека ова е мало место, но сепак ми е драго што ве гледам во толку голем број.“

Пејачката ги изведувала хитовите од нејзината долгогодишна кариера, и повторно се обратила на публиката: „ Каде се девиците, да ве слушнам?!“

Таа успеала да ги изненади сите со овој “повик“ со оглед на тоа што во публиката имало девојчиња до десет години. Но публиката сепак постојано играла, на нејзините песни , а потоа повторно им се обратила : „Жал ми е што вечерва моите танчари не се со мене, се надевам дека сум ви доволна?“

 

Можеби заради лошото време, публиката почнала да си оди после еден час. На некои им беше доволно, а другите судејќи по коментарите, очекувале многу, многу повеќе.

21.09.2013 - 11:31

најчитано сега