ВИДЕО: Му го украле возилото за минута без клуч - ниту видел, ниту слушнал

Џејсон Ланг од Манчестер мирно спиел кога разбојници во рок од една минута му го украле автомобилот.

Ништо не видел, ниту слушна, а кога тргнал за на работа, го видел паркингот празен.

„Помислив дека може колата сум ја паркирал на работа, па малку се помислив, и сфатив дека со неа се вратив дома„, вели 49-годипниот трговец со недвижности.

Кога ги погледнал снимките од надзорните камери имал што да види.

Крадците користеле техника на релеј - кај автомобилот со електронско отклучување и палење, и тие со помош на едноставна направа која може да се набави на интеренет го појачуваат сигналот на клучот и ја отклучуваат вратата.

После тоа само треба да го притиснат копчето за палење. Еден од крадците стоел покрај тојотата вредна 30.000 фунти со предавател, додека друг мавтал со појачало во близина на куќата. Кога го отклучиле возилото, едноставно си заминале со него.

 

 

 

04.10.2018 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега