Германија бара работници од целиот свет - ова се условите кои мора да ги исполните за да најдете работа

Во Германија конечно треба да се усвои законот за вселување со кој значително ќе се олесни доаѓањето на квалификуваните луѓе од целиот свет. Што се однесува до Западен Балкан, од таму веќе десетици илјади луѓе се преселуваат во Германија.

Секој петти државјанин во Германија има мигрантски корени, но оваа земја досега никогаш законски не се дефинирала како иселеничка земја.

Во Германија може да работи секој кој има квалификации и ќе најде работодавач кој би го вработил по струка. Во превод, не може дипломиран инженер од Македонија да дојде за да работи во кафуле. Ниту може да дојде некој со завршени единствено основно училите и да нема занает.

Професија во која има недостиг на вработени  секако здравствениот систем, пред се потребни се лица за нега на стари лица. Потребни се и луѓе кои се разбираат во електрика, машини, инсталации и се повеќе ИТ сектор.

Доколку сакате да се вработите негде во Германија работа барајте само преку легални посреднички агенции или директно кај работодавачот. Постои и уште една опција - секој кој е квалификуван може да дојде во Германија и 6 месеци да бара работа. Но, треба да има нечие гарантно писмо или барем илјада евра на сметка за да докаже дека во периодот од 6 месеци ќе има каде и како да живее, додека не се вработи. Во тие 6 месеци е дозволено „снаоѓање“ надвор од струката за да се заработи.

Треба ли да се знае јазик?

Тоа уште не е дефинирано, но министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер смета дека германскиот јазик треба да се познава на ниво кој е инаку потребен сега за да се положи „интеграционен тест“, а тоа е Б1.

Иако, со оние работицни од дефицитарните професии е дозволено да дојдат со слабо знаење германски, па во рок од неколку месеци тоа знаење да го унапредат.

 

 

 

 

04.10.2018 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега