Почеток на натпреварите за Металург и Вардар во ракометната Лига на шампиони

Македонските претставници во Лигата на шампионите Вардар и Металург денеска ќе ги одиграат своите први натпревари од годинашново издание. Интересно е што ждрепката сакаше и двете екипи да бидат во Ц групата.

Први ќе играат Металург во 16:30 часот, кои ќе гостуваат кај првакот на Швајцарија Вакер Тун.

На тренерот Червар најголем проблем му е повредата на Филип Миркуловски, кој е со екипата но не се знае колку време ќе мине на теренот.

Шампионот Вардар во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува повеќекратниот европски и шански шампион Барселона.

Со нова сезона вардарци се со нов тренер и нови играчи и очекуваат да одиграат максимално во овој момент, но колку тоа ќе биде доволно за позитиве резултат ќе зависи и од противникот.

Барселона синоќа допатува во Скопје и без одржан тренинг ќе истрча пред полните трибини во распродадениот „Борис Трајковски“.

На чело на каталонскиот тим ќе биде секако македонската ракометна ѕвезда Кирил Лазаров и второто екстра засилување Никола Карабатиќ.  Почетокот на дуелот е во 18:15 часот

 

Во третиот натпревар од групата играат: ПСЖ и Динамо Минск.

21.09.2013 - 10:58

најчитано сега