Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица“

Денеска дирекцијата за технолошки индустриски зони организира свеченост по повод поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица“.

Годинава на 25 август беше отворена зоната во Штип, прва во источна Македонија. Засега во тек се изведувањето на градежни работи во ТИРЗ-Кичево, Гевгелија и Прилеп, а за останатите зони се изработува техничка документација.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред бизнисмените неделава изјави дека се предвидени вкупно 14 технолошко индустриски зони, а изградбата на сите треба да започне до март-арпил следната година. 

21.09.2013 - 10:32
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега