Во Анкара извршен ракетен напад врз зграда

Синоќа три ракети ја погодиле оградата на полицијата во Анкара, но во нападот нема ниту повредени ниту жртви.

Како што изјави турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер,нападот е извршен во предградието Дикмен, а полицијата ја блокира областа, каде пронајде една неексплодирана граната, и е во потрага по напаѓачите.

Двете ракети ја погодиле зградата на директоратот на националната полиција, а третата паднала во дворот. Засега не е познато кој е одговорен за нападот. Според очевидци, две лица биле забележани како бегаат од местото на нападот неколку минути по експлозијата.

Гулер истакна дека полицијата во близина на местото нападот пронашла еден рачен минофрлач и материјал кој и припаѓа на „нелегална организција“.

Градоначалникот на Анкара Мелих Ѓукчен потврди дека нема жртви во инцидентот, меѓутоа причинета е материјална штета.

21.09.2013 - 10:31

најчитано сега