Повеќе од 11 лица уапсени во антифашистички протест во Атина

Во Атина синоќа се одржа антифашистички протест, на кој дошло до тензии, при што полицијата уапсила 11 лица. Ситуацијата подоцна се смирила, а демонстрантите се разотишле.

Во текот на вчерашниот ден грчката полиција побара одобрение од Јавното обивнителство за проверка на листите на телефонските разговори на пратеници на „Златна зора“, во рамки на истрагата за убиството на раперот Павлос Фисас.

Властите во Атина побараа судска истрага околу доказите за поврзаност на оваа, трета по популарност партија во Грција, со смртта на раперот со левичарски убедувања, кој беше убиен во вторникот вечерта, откако бил начекан во заседа од страна на 30-тина лица и избоден со нож. 

21.09.2013 - 10:28

најчитано сега