Поплавите во Мексико однесоа повеќе од 100 човечки животи

Во големите поплави, предизвикани од поројните дождови во Мексико загинаа најмалку 100 лица, а 68 се водат како изчезнати.

Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг изјави дека од почетокот на поплавите властите евакуирале од туристичкиот центар Акапулко над 58.000 туристи, а евакуацијата продолжува и понатаму.

Се очекува аеродромот во градот од утре целосно да продолжи со работа.

Поради разурнатите мостови и блокираните патишта Акапулко всушност останал отцепен од останатиот дел на територијата на Мексико.

Оваа недела, првпат по 50 години, Мексико истовремено беше погодено од две тропски бури.

 

 

 

21.09.2013 - 10:14

најчитано сега