Православните христијани денеска ја чествуваат Мала Богородица!

Денеска според календарот на МПЦ е 8 септември, Мала Богородица.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има Пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното ра­ѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го ро­ди Бога, се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким по­текнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срде­чно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Ма­рија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими бла­гата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

21.09.2013 - 10:05
Фото: 
Комуникација