Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори
Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.
„Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција, се со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата“ велат од партијата.
Според нив огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да не извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.
„Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за Уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање на заеднички чекори за иднината на земјата“ стои во соопштението од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа