СДСМ: Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија сè уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот, велат од СДСМ.

„Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на делување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни. Нема ништо порелевантно од волјата на над 600.000 граѓани. Граѓаните се најважни“, велат од партијата.

Волјата на граѓаните на реферeндумот, велат од СДСМ, е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Над 600.000 граѓани кажаа дека се ЗА напредок и интеграција. Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО“, велат од партијата.

 

 

 

03.10.2018 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега