Успешна операција - повреденото девојче од собраќајката кај Кочани се уште е во кома

14 годишното девојче со тешки повреди и оштетување на лицето поминало одлично на операција на пластична хирургија. Ударот направил тешко оштетување на челото, носот и окото. Младата девојка ќе има повторно прекрасен изглед, пренесува Канал 5.

Девојчето со тешки повреди на градниот кош и главата е во најкритична состојба од повредните деца. Докторите објаснуваат дека со ваков тип на повреди мора да се почека. Нема точна дефиниција кога ќе се разбуди повредената од кома. И момчето со повреди на главата се бори за живот.

-Критично се овие две деца и се на КАРИЛ, кај две состојбата се подобрува", вели д-р. Илир Хасани, ургентен центар.

-На повеќето деца на неврохирургија состојбата е стабилна е ќе бидат префрлени на одделение, раскажа д-р Слободан Дамјановски, Клиника за неврохирургија, пренесува Канал 5.

 

најчитано сега