Познат идентитетот на двајцата убиени во синоќешната престрелка кај „Рузвелтова“- едно лице се бори за живот

 

Синоќа во 00:30 часот на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на зградата на СЈО од страна на непознати лица во патчинчко возило пукано е во возило од марката „Сеат Алтеа“ СК-154-ВГ, од здобиените огнострелни повреди на место на настан починал 44-годишниот Н.А., а 49-годишниот А.П. починал во клиника Мајка Тереза, додека 19-годишниот Ф.Е. е во тешка состојба во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, дознава Пресс24 од извори од истрагата.

 Наводно сторители биле со возило - теренско, црна боја и пукањето било рафално најверојатно со автоматска пушка во близина на СЈО, по што Наим кој го управивал возилото ја намалил брзината и во близина на кафе Галери се судрил во друго возило. Возилото на сторителите само поминале во истиот правец и на раскрсницата Рузвелтова со Орце Николов завртеле лево према Центар за странска јазици.

 

 

 

29.09.2018 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега