Еден убиен двајца во критична состојба по престрелка кај СЈО во центарот на Скопје
Едно лице е убиено а двајца се во тешка состојба по криминалната престрелка која ноќеска околу 1 часот по полноќ се случила на улицата Рузвелтова во Скопје.
Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.
Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Едно лице починало на местото на пукотницата, а две се борат за живот. Телото на загинатиот и ранетите во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.

„Рузвелтова“, од „Партизанска“ до „Орце Николов“, како и помалите споредни улички кон населбата Карпош 1 беа затворени.
Полицијата сеуште не соопштила детали за настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа