Еколозите предупредуваат: Следуваат големи климатски промени во Македонија

Пред Европа, но и пред Македонија е сушен период кој најмногу ќе има влијание врз земјоделието, но и врз здравјето на луѓето, предупредувааат еколозите, објави ТВ 24.

Големите температурни разлики,зачестените поплави, поројни дождови и топлотни бранови кои иницираа големи материјални штети, но и одзедоа човечки жртви  се доволен индикатор за научниот свет дека потребно е да се преземат посериозни чекори за да се ублажат последиците од климатските промени.

„Тоа ќе создаде големи загуби во земјоделството и за земјоделците, меѓутоа ќе значи можеби и загуба на животи, бидејќи се работи за екстремно високи температури на кои ние не сме навикнати и не можеме да се справиме со истите. Во градот немаме ниту соодветна атмосферска канализација“, вели Елена Николовска - Еко-свест за ТВ 24.

Еколозите сметаат дека промените на температурата за десет степени Целзиусови за само еден ден  се причина за појава на разни видови инсекти кои  се штетни. Тие посочуваат дека човекот е главниот фактор за климатските промени, но и главниот протагонист кој може да намали влијанието на промените.

„Како земја не влијаеме во голема мера, меѓутоа она што можеме да го направиме е да почнеме од сега и за десет години да се забележат резултатите. Масовно треба да се инвестира во соларна енергија и да се овозможи тој фонд за енергетска ефикасност“, вели Елена Николовска - Еко-свест

Минатата година германската организација Џерманвоч објави листа на која Македонија ја рангира на осмото место на табелата на најзагрозени земји во светот од климатските промени за 2016 година.

 

 

 

28.09.2018 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега