Крај за високите тарифи за извршителите и нотарите

Сите извршители во земјава за последните 5 години, заклучно со 2016тата година имале вкупни приходи од 60 милиони евра, додека нивната добивка изнесувала 23 милиони евра. Ова го покажуваат податоците од Централниот регистар, пренесе Канал5.

Со измените во законите за извршување и нотаријат ќе им дојде крајот на милионските приходи кои ги вртат секоја година.

За сметките од 11 илјади денари за парно и струја, граѓаните пред нотар плаќале околу 5 800 денари, со ограничувањето на нотарската награда до 500 денари, вкупните трошоци ќе им изнесуваат околку 750 денари. За истата сметка пак трошокот пред извршител, ако досега чинел околу 6 илјади денари, сега тој би изнесувал само 1 660 денари. Укинато е и задолжителното објавување во службен весник.

Граѓанските здруженија задоволни од законските измени, но сепак не отстапуваат од своите барања.

 

 

 

28.09.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега