Дете нападнато во автобус на ЈСП поради банална причина

 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 22.20 часот 44-годишниот Д.И. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар „Никола Карев“ од страна на две непознати лица физички бил нападнат неговиот 13 годишен син.

Од МВР денеска информираат дека до физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

28.09.2018 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега