Прекин на сообраќајот пред Гевгелија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ соопшти дека утре ЈП „Македонијапат подружница Велес“ ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105 на потегот од село Давидово до Удово од 9:00 до 17:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува кај клучката кај село Миравци по стариот пат А1е. На местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа