Заев: Ако има еден глас повеќе „Против" го поништуваме Договорот, тие што не гласаат не се бројат

 

Огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците. Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат.  Ако има и еден глас повеќе „Против“, ние го поништуваме Договорот. Ако има видливо мнозинство „За“ , треба да се очекува дека сите пратеници без разлика дали се власт или опозиција ќе го следат правецот кој ќе им го дадат граѓаните.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

- „Нашите одлуки, мојата, на Димитров ќе бидат безвредни ако народот не ги гласа. Затоа е убавината на референдумот. Ветувањето да се одржи референдум потекна од ВМРО ДПМНЕ уште од пред 12 години, а  ние како СДСМ го прифативме и убаво е да го исполниме. Во страница 295 од Програмата на ВМРО ДПМНЕ пишува дека „само граѓаните на референдум ќе ја донесат одлуката и јас се согласувам 100 посто  со тоа, исто така од Програмата на ВМРО ДПМНЕ пишува „мнозинството граѓани ќе одлучат“ и јас се согласувам сто посто. Ние всушност се согласуваме со ВМРО ДПМНЕ и верувам дека така ќе постапиме на денот на референдумот. Јас  кажувам дека ќе гласам „ЗА„. Треба и другите политички лидери да ги кажат своите ставови затоа што водиме политички субјекти, наша одговорност е да носиме одлки и да им ги соопштуваме на граѓаните“ кажа Заев.

 

 

 

25.09.2018 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега