И агентите во ЦИА може да му подзавидат - прочитајте ја биографијата на првоосомничениот во акцијата „Шпион“

Има 52 години и огромно искуство во разузнавање и контраразузнавање. На  велешанецот Марјан Ефремов кој ја предводел групата  опфатена со Шпион  можат да му позавидат и разузнавачите на светските разузнавачки служби.

Дипломирал на воено техничка академија во Загреб во 1985 и веднаш бил именуван за командир на техничка чета во ЈНА во гарнизонот Ваљево.

Од 92ра е дел од контраразузнавачкиот центар при секторот за безбедност и разузнавање во минсиетсртвото за одбрана од каде во 97ма заминува во Агенцијата за разузнавање и добива висока позиција-  шеф на отсек за воени прашања   во Дирекција за оперативна работа.

Но во 99та тој добива отказ поради злоупотреба на службени пари и 4 години е невработен. Сепак во 2004та судот го враќа на работа и тоа на висока советничка позиција.

Таму останува до 2009та кога повторно е отпуштен, овој пат поради неовластено патување во Грција, земјата во која главно биле незаконски продавани државни тајни.

Биографијата на Ефремов е збогатена со серија курсевиз а разузнавање организирани од странски разузнавачки служби а во неговите способности се вбројува и доброто познавање на компјутерски и други технички апарати како и одлично познавање на грчкиот јазик.

Според  кривичната за Шпион, Ефремов главно соработувал со тајни агенти во Грција со кои често се среќавал во луксузни одморалишта.

Ефремов според сомневањата на МВР бил клучна алка во синџирот разузнавачи,  административци, поранешни директори, новинари и бизнисмени кои организирано оддавале строго доверливи информации на странски разузнавачки служби а уценувале и домашни бизнисмени и лица од јавниот живот со информации кои не смееле да ги поседуваат. 

20.09.2013 - 20:58

најчитано сега