Утре искористете го сонцето и прошетајте - температури до 29 степени

Утре во Македонија времето ќе биде претежно сончево. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе дојде до постепено зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во Повардарието постепено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево време со слаб до умерен северен ветер, доцна попладне и кон крајот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

 

20.09.2013 - 16:48

најчитано сега