Тунижанките водат света сексуална војна“ во Сирија

Голем број Тунижанки заминале во Сирија за да водат т.н. света сексуална војна – џихад-ал-никах, односно да ги задоволат сексуалните потреби на исламските борци.

- „Имаат сексуални односи со дваесет, триесет, сто борци во име на џихад-ал-никах (светска сексуална војна), а потоа се враќаат бремени“, вели тамошниот министерот за внатрешни работи Лотфи Бен Џедоу.

Институцијата џихад-ал-никах, се наведува во соопштението, дозволува вонбрачни сексуални односи со повеќе партнери, а некои водачи на салафистите го сметаат за легитимен облик на светa војна.

Весниците во Тунис пишуваат дека стотина  кои се наоѓаат во Сирија, иако нема точни резултати околу 6 илјади млади Тунижанки се спречени при заминувањето во Сирија од март оваа година.

 Зајакнати се граничните контроли на аеродромите за да ги спречи младите Тунижанки на патот кон Сирија. Отворена и официјална истраха за посебните мрежи преку кои младите заминуваат во Сирија, а основана е и „кризна ќелија“ со цел надгледување на терористичките активности на границите поради порастот на салафистичкото естремистичко движење.

20.09.2013 - 16:42

најчитано сега