Кардашијан го напушта шоуто - ќе му се посвети на мајчинството

Ким Кардашијан решила малку да се отргне од нејзиното семејство и од шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.

- „Ниту еднаш нема да ја видите малечката Норт во новата сезона. Ким одлучи дека повеќе не сака да биде дел од тој циркус“, изјавил извор близок до пејачката.

Наместо реалното шоу Ким сакала целосно да се посвети на своето ново семејство и тоа подалеку од камерите.

„Ким не сака повеќе да го снима шоуто. Таа го менува својот имиџ и се оддалечува од своето семејство. Ким ќе се всели во својот нов дом, но во него не ги сака камерите“,вели тој.

Изгледа дека и нејзиното момче Канје Вест не го сака тоа, и сака да ја контролира кариерата на Ким. Тој неодамна го отпуштил нејзиниот долгогодишен публицист, кој пак сѐ уште ги застапува останатите членови на семејството Кардашијан.

 Ким сакала да биде трансформирана од ѕвезда која ја гледаме секоја недела во магазините во ѕвезда која ја гледаме во магазините само еднаш месечно. Нејзината најголема  желба била да се слика на насловната страница на магазинот Vogue“.

20.09.2013 - 16:29

најчитано сега