Агатангел со летоци во сандачињата повикува на бојкот на референдумот
Во поштенските сандачиња низ Скопје масовно се ставаат летоци на кои се повикува бојкот на референдумот, а на кои е потпишан владиката Агатангел.
МКД.МК. пренесува дека на летоците е испишано ова:
„Бидете внимателни, сите се во игра, и власт и опозиција. Сите сакаат да го натоварат македонскиот народ со тешкото бреме на срамот од себеукинувањето. Но силата е во нас, во секој поединец, без разлика на вера и национална припадност. Ние и понатаму ќе треба едни покрај други да живееме, а тие и така не се дел од нашиот свет, туку животарат во светот на илузиите и краткотрајните задоволства. Им посакуваме среќен пат во мочуриштето на нечесноста, а чесниот македонски народ, како и другите чесни народи кои живеат во оваа наша татковина, ги повикувам да застанат на браникот на нашиот заеднички дом.
Бојкотот на претстојниот лажен и погубен референдум нека биде почеток на една поинаква и просперитетна Република Македонија, која ќе биде поставена и втемелена врз принципите на законот кој произлегува од моралот и слободата. Нека засветли силно сонцето на правдата и нека изгрее од нашите срца светлината на меѓусебната почит и разбирање.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа