За апсењето на Бошковски пуштена снимка која 7 години се чувала во тајност

 

По седум години од случајот „Кампања“, за што Љубе Бошковски беше осуден на пет години затвор, за прв пат во судот се презентираше видео снимка, направена од МВР, во моментот додека се апсел тогашниот лидер на „Обединети за Македонија“.

-Симптоматично е тоа што видео материјалот кој бил снимен од крим техниката во времето кога се одвиваше предметот „Кампања“ не беше презентиран пред истражниот судија. МВР го поседувала материјалот, а истражниот судијата морал да го евидентира како таков. Не би сакал однапред да коментирам, но факт е дека сега обвинителството треба да се позанимава со ова без разлика што тој предмет е завршен. Треба да се види каде затаиле институциите дали е тоа во рамките на МВР кој овој видео материјал не го доставил до истражниот судија, дали истражниот судија не го проследил до обвинителството или пак самото обвинителство не го проследило до судот, вели Кратовалиев, адвокатот на Бошковски, пренесе Фокус.

 

 

 

20.09.2018 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега