Погледнете кој е најдобриот антиоксиданс, кој го зајакнува имунитетот и спречува тешки заболувања

 

Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободни радикали.

Тие се особено важни за нашиот имунолошки систем и сосема е јасно дека би требало да ги внесуваме во што поголема количина. Колку нашиот имунолошки систем е посилен, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии, но и тешки болести како што е ракот.

Истражувањата покажале дека во кафето се наоѓа значителен број на антиоксиданси. Сепак, лошите вести се тоа што научниците и понатаму бараат начин да ги извадат антиоксидансите од кафето и да ги искористат на најдобар можен начин. Познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од организмот.

Кафето, исто така, се наоѓа на листата на намирници кои се борат против канцерот поради високата содржина на антиоксиданси. Различни истражувања го поврзале кафето со намален ризик од добивање рак на црниот дроб, рак на дојката, простата…

Мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно имаат 60% помал ризик да заболат од најсмртоносниот облик на карцином на простатата и за 20% помал ризик од заболувања од било кој карцином на простатата во споредба со мажите кои не пијат кафе.

 

 

 

19.09.2018-14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега