ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден скандал - и стрината и братучетката на Заев ќариле тендери

 

Нов скандал.

Нови докази.

Нови јавни набавки.

Денес ќе ве информираме како братучетката на Зоран Заев добивала јавни набавки.

Зоран Заев ја претвори општина Струмица во извор на бизниси и профити за него и фирмите од неговото семејство.

Затоа Зоран Заев веќе неколку дена молчи пред фактите, дека тој и неговото семејство преку јавните набавки кои ги склучувале нивните фирми добивале пари од граѓаните на Струмица.

На јавноста ќе и презентираме уште документи кои ја докажуват бесрамната злоупотреба која ја прави кланот Заеви во Струмица. 

Фирмата “Тгропродукт ДОО увоз-извоз” од Струмица, која е фирма за преработка на овошје и зеленчук, во периодот кога сопственик е Катерина Бојовиќ Заева, т.е. првата братучетка на Зоран Заев, склучува договор за јавна набавка со Јавното претпријатие “Комуналец” на ден 31.12.2010 година. Со оваа јавна набавка се обезбедени феферони, цвекло, корнишони и мешана салата во вредност од внимавајте, дури 109.447 денари.

И ден денес оваа фирма ја водат стрината на Зоран Заев, Убавка Заева и нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева.

По се изгледа не постои јавно претпријатие или институција под надлежност на општина Струмица од којафирмите од фамилијата Заеви не добиле јавна набавка и не заработиле пари.

И овој пат, Директорот кој што ја склучил јавната набавка со фирма од семејството Заеви е директно поставен и именуван од градоначалникот Зоран Заев.  Тоа само потврдува дека луѓето кои Зоран Заев  ги назначил, соработуваат со фирмите од неговото потесно и пошироко семејство. Г-дине Заев, ова ги премина сите граници на нормалното,  ова стана премногу сериозно.

Овде веќе не се работи за тоа дали имате доделувано средства на фирмите на Вашите блиски или не, туку се работи за тоа зошто и уште колку средства, пари на струмичани, завршиле во фирмите на Вашата фамилија. Овие факти говорат за вашата моралност и чесност.

По сево ова, на струмичани, а и на сите граѓани на Република Македонија, им станува совршено јасно, како Вие со градоначалничка плата сте стекнале толкав имот и како сте ја создале мрежата на фирми кои директно или индиректно се поврзани со Вашата фамилија.

Наместо, Зоран Заев и СДСМ да говорат за ланскиот снег или за загрозеноста на прашумите во Бразил,  ги охрабруваме да излезат и на јавноста да и објаснат колку пари заработиле фирмите од кланот Заеви преку јавните набавки во Струмица?

 

Ова им го должите на граѓаните на Струмица, но и на целокупната македонска јавност.

(Интегрален текст од прес-конференција на Диме Спасов, ВМРО-ДПМНЕ)

20.09.2013 - 15:15

најчитано сега