Сака да биде погребан со своето Бентли за да му се најде во задгробниот живот
Бизнисменот „гроф Скарпа“ ќе го погреба своето Бентли кабриолет вредно 330.000 евра.
Шеесет и две годишниот бизнисмен ги објави своите планови на фејсбук дека ќе се оснесува како египетски фараон и своето богатство ќе го понесе со себе во задгробниот живот.
На фотографијата, тој стои до црниот автомобил со лопата во раката, а ја опишал со: -„ Одлучив да правам како фараоните, оваа недела ќе го погребам мојот омилен автомобил, Бентли, овде во дворот!“.
20.09.2013 - 15:12