Tигар убил чувар во зоолошка
Во германскиот град Минстер сибирски тигар убил еден од чуварите во зоолошката градина.
Пеесет и шест годишниот чувар починал вчера пред очите на посетителите на зоолошката градина. Дивото животно излегло од кафезот бидејќи вратата била отклучена и влегол во просторот каде се наоѓал чуварот, а потоа го фатил за вратот.
Откако го забележале нападот , останатите чувари притрчале и успеале повторно да го затворат тигарот во кафез.Сепак не успеале да го спасат.
Од германската полиција изјавиле дека во тек е истрага која треба да утврди зошто вратата од кафезот била отворена.
20.09.2013 - 15:02