Мажите велат дека делува: Природен лек против ќелавост
Голема мака на современиот маж е губењето на косата, кој во денешно време може да има различни причинители. Стрес, лоша исхрана или генетика, сето тоа допринесува на оваа состојба која се нарекува и алопеција.
Оваа состојба е нешто поретка кај жените но ниту нив не ги заобиколува. Со редовна и правилна нега и менувањето на навиките можете да ја спречите оваа состојба.
Но постои и еден стар лек за кој многумина мажи велат дека делува.
Состојки: маслиново масло, мед и цимет.
Подготовка: загрејте го маслиновото масло и во него додадете цимет и мед. Добро измешајте да добиете густа смеса. Овој лек треба да се држи во стаклен сад.
Употреба: премачкајте го темето на главата со оваа смеса и завиткајте во пешкир. Потоа оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја со благ шампон. Се препорачува еднаш до два пати неделно користење на лекот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа