Експертите откриваат: Само со ова домашно средство веце школката може добро да се исчисти

 

Сведоци сме како на пазарот секојдневно се појавува некој нов производ кој ни ветува чиста и миризлива бања. Заеднично на сите вакви препарати е тоа што сите се полни со најразлични хемикалии, брзо се трошат, а стануваат се поскапи и поскапи.

Доколку би сакале да се ослободите од непријатните мириси во тоалетот, можете и самите да си подготвите домашен спреј врз база на природни состојки кој ќе ви помогне во тоа.

Состојки:

– 50 мл. медицински алкохол
– 300 мл. вода
– 40 капки етерично масло (одличен избор е микс од лимон и грејпфрут)
– пластична боца со пумпа

Подготовка:

Во боцата додадете го алкохолот и етеричните масла, добро протресете и на крајот додадете ја и водата. Пред заминувањето од тоалет, испрскајте ја внатрешноста на wc-школката со овој спреј, кој ќе продолжи да шири свеж и пријатен мирис.

Совет

Пред секоја нова употреба протресете ја боцата.

 

 

 

17.09.2018 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега