Процентуално, Јапонија е земјата е со најмногу старци во светот
Повеќе од 28 отсто од населението во Јапонија сега официјално се класифицирани како стари лица, според податоците на владата, што е највисока стапка во светот.
Оние на возраст од 65 години или постари сега се рекордни 35,6 милиони или 28,1 отсто од вкупното население, соопшти владата.
Процентот е највисок досега во светот, многу пред 23,3 проценти во Италија, 21,9 проценти во Португалија и 21,7 проценти во Германија, според податоци на ООН за тие земји.
Владата, соошти дека оние на возраст од 70 или повеќе години учествуваат со 20,7 отсто од населението, што за првпат надминува 20 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа