Дневен хороскоп: Кој знак го очекува голема среќа денеска
Биковите не дозволуваат неверство, Близнаците се во комбинација со Девиците, Раковите се борат за идеали, Шкорпиите се нервозни, Јарците пожртвувани.
Ова е хороскопот за 16 септември.
Овен
Доколку имате премногу обврски кои не можете да ги завршите до крајот на денот, побарајте помош од некого.
Очекувајте смирување со некоја личност која ви значи. Не дозволувајте никој да ви се меша во врската или бракот.
Ве мачи стресот.
Бик
Подготвени сте за започнување сопствен бизнис, но ви треба храброст. Потпрете се на оние кои ви значат, тие ќе ви дадат поддршка.
Имате добар став во однос на љубовта. Не сакате да дозволите да бидете изневерени или изиграни од една личност на која многу и верувавте.
Покачена температура.
Близнаци
Ѕвездите се на ваша страна. Не очајувајте поради препреките кои ги имавте, бидејќи проблемите ќе бидат решени во текот на денот.
Добро се сложувате со една Девица. Ако сте слободни, можете пријатно да бидете изненадени на полето на љубовта денеска.
Не претерувајте со благите.
Рак
Се борите за некои идеали кои немаат смисла за другите, но само вие гледате некаква поента во тоа. Поставете ги своите приоритети.
Партнерот не може да ви прости за нешто што сте направиле. Треба да сте свесни за последиците.
Главоболка.
Лав
Ако сте од оние кои бараат нова работа, не очајувајте пред првата препрека. Останете доследни на своите идеи и намери, какви и да се тие.
Ако сте заљубени во еден Рак или Бик денес можете да закажете средба и да бидете во одлично расположение.
Несоница.
Девица
Правите грешки, но проблемот е уште поголем бидејќи колегите се против вас. Потрудете се да изградите добар однос со тие околу вас.
Преку работа, можно е да запознаете личност која ќе ви се допадне.
Здравјето е добро.
Вага
Овој пат, вашите желби се достижни и не треба да мислите како да се остварат, туку што ќе се случи кога ќе се остварат. Бидете подготвени.
Во љубовта сакате да се покажете во најдобро светло. Ќе бидете во одлично расположение.
Здравјето е солидно.
Шкорпија
Не сте должни никому да поднесувате сметка. Во одлично расположение сте кога станува збор за работата. Соработниците ве поддржуваат.
Бевте груби и не ги биравте зборовите. Саканата личност не сака така лесно да ви прости и ќе морате добро да се потрудите.
Покачен холестерол.
Стрелец
Немате многу можности се додека точно не се определите што сакате. Имате доволно време да размислите.
На партнерот не му се важни вашите проблеми.
Главоболка.
Јарец
Премногу се жртвувате за своите идеали. Опуштете се малку.
Се уште има проблеми во вашта врска. Сметате дека партнерот не е расположен за нешто посериозно.
Хипохондрија.
Водолија
Во право сте што имате потреба од нова работа. Се соочувате со конфликти на работа и тоа не ви е потребно.
Се чувствувате уморно од приказните на кои сте навикнати. Променете нешто денеска.
Проблем со колковите.
Риби
Чувствувате голема пожртвуваност за тоа што го равотите. Вие сте сега на право место и право време. Искористете го тоа.
Постојано привлекувате суетни партнери. Не правете го тоа.
Проблеми со забите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа