ВИДЕО: Многу животни настрадаа, но ова бебе имаше среќа - ова е најтоплата глетка после ураганот

Додека при ударот на ураганот Флоренс на сите во прв план им се човечките животи, во животинскиот свет работите стојат малку поинаку, па така едно бебе верверица е спасено благодарејќи на куче.

Имено миленичето на Мег Бејкер Демол, воспитувачка во Јужна Каролина, пронашло уплашено и целосно морко бебе верверичка кое воналетот на ураганот останало одвоено од својата мајка.

Нејзиното куче Роуз го донело внимателно малото суштество во домот и го спасило од поплавата.

Верверичката која е пронајдена во петокот, денес е сосема добро.

 

 

 

16.09.2018 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега