СДСМ: За дебата се потребни ставови, тука сме да му помогнеме на Мицкоски да кажен јасен став
Христијан Мицкоски да каже што му е потребно и на кој начин може да му помогнеме за да го дефинира и соопшти неговиот став за најважното прашање, реагираат од СДСМ на пресот на Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Тука сме да му помогнеме, да се охрабри, да размисли, да одлучи, да каже јасен став, велат од СДСМ.
„Најлошо е да се нема став, особено за клучни прашања од кои зависи иднината на државата.
Иднината на Македонија и нејзините граѓани не смее и нема да биде ризикувана поради калкулациите и нискиот рејтинг на Мицкоски“, стои во соопштението на СДСМ и се додава:
„За секоја дебата на било која тема потребни се јасни ставови.
Ајде Мицкоски, охрабри се, соопшти го јавно својот став за референдумот, излези пред граѓаните, кажи дека ќе излезеш да гласаш, и ќе има и дебата и иднина во просперитетна европска Македонија“, реагираат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа