Денеска празнуваме голем светец - на денешен ден се прави следново
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 септември.
Денеска е Преподобен Симеон Столпник.
По потекло Симеон беше Сириец. Родителите му беа селани. На 18-годишна возраст тој ги напушти родителите и се замонаши. Откако помина не¬колку години во секакво смирување, одлучи да се предаде на посебен подвиг, дотогаш непознат во Црквата подвигот на столпништвото. Останатиот дел од животот го помина на врвот од еден висок столб, по дожд и по ветер, по жешко и студено време. Господ го удостои со дар на чудотворство. На сите што доаѓаа при него им помагаше како што можеше, исцелувајќи ги, советувајќи ги, поучувајќи ги. Живееше 103 години. Се упокои во 459 година, а моштите му беа подоцна пренесени во Антиохија.
На денешен ден се гледа и каква е Месечината - ако е млада - житото добро ќе роди, но и цела година ќе биде плодна.
Денеска во црквите се служи посебна молитва за цела година да мине добро, Господ да го благослови „венецот на годината“, да ги сочува сите градови и места неповредени, да ги заштити христољубивите владари и народот, и да им дарува победа над противниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа