Грчева: Заев да одговара за референдумски поткуп - поднесени претставки до ЈО

Партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева денеска во соопштение до јавноста информираше дека поднела претставки до неколку надлежни институции за референдумски поткуп на премиерот Заев.

За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев насредба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до

Јавниот Обвинител на РМ;

Државната Изборна Комисија (ДИК);

Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК);

Transparency International - Macedonia

Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, ситеграѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет назакажаниот референдум, будно ќе го следиме.

 

 

 

14.09.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега