Пандов: Уставен суд не треба да го поништи референдумот - власта треба да ја добие пораката од граѓаните

Уставниот суд во среда треба да одлучува по иницијативата за оспорување на референдумот поднесена од повеќе субјекти, меѓу кои и политичката партија Левица.
Политичките аналитичари и експертите по уставно право, со спротивставени мислења.
Универзитетската професорка по уставно право од правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева смета дека одлуката за распишување на референдумот е незаконска и неуставна.

„Ајде судии, поддршка, донесете времена мерка за запирање на одлуката и поништете ја затоа што е неуставна и незаконска“ – напиша професорката Каракамишева.

Но политичкиот аналитичар, Александар Пандов има поинакво мислење. Според него, референдумот треба да се одржи за да можат граѓаните да и ја испратат својата порака на власта.

„ Референдумот треба да се одржи и ќе биде многу шверцерски ако сте тргнале вака да бегате од судот на народот! 30.09 ќе биде ден на кој уште со првите извештаи дека во општините излегле по 1-2%, некаде 0, а еве некаде и 3-4% од населението, тоа ќе биде знак за народот дека со зурли и тапани треба да се прослави остатокот на денот. Нема да треба воопшто ни да чекаме 19 часот. Оставете не да ви покажеме кој е суверен во оваа земја и кој дава и зема власт

“ – напиша Пандов на Facebook.

Референдумот е закажан за 30 септември. За да биде успешен потребно е на него да гласаат најмалку половина од вкупниот број на запишани избирачи во единствениот избирачки список, и најмалку половина од тие што гласале да бидат „За“

 

 

 

14.09.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега