Ова е најубавата вест за викендот

За време на овој викенд како и во текот на следната недела и понатаму нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, суво и топла воздушна маса од југ која ќе условува сончево и натпросечно топло време за овој дел од годината, а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, анализира Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност, а овој викенд само на планинските места и тоа на запад има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде околу 6.

Уживајте во прекрасното, летно септемвриско време кое ќе овозможи понатамошно продолжено плажирање на оние граѓани кои се лубители на истото иако веќе наутро станува се посвежо и посвежо со минимални температури на воздухот кој се спуштаат во интервалот од 8 до 15, 16 степени.

 

 

 

14.09.2018 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега