Престојот на Погба на „Олд Трафорд“ зависи од Мурињо

 
Иднината на Пол Погба во Манчестер Јунајтед останува неизвесна. Во последниве месеци, се повеќе се зборува дека Французинот нема да остане на „Олд Трафорд“ уште долго време, и дека неговиот агент Мино Раиола работи на трансфер назад во Јувентус. 
 
Сепак, според последните вести, постои можност тој да остане во Јунајтед, и тоа ќе зависи од престојот на Жозе Мурињо. 
Ако Португалецот биде отпуштен и на негово место пристигне Зинедин Зидан, какви што се последните гласини, Погба речиси сигурно ќе ја преиспита својата одлука и ќе остане на „Олд Трафорд“. 
 
Тој со задоволство би работел со сонародникот, додека ако Мурињо сепак остане на чело на „црвените ѓаволи“, тоа практично ќе значи разделба со Погба, кој не е во добри односи со менаџерот.
 

 

 

14.09.2018-09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега