Ѓоковиќ си ја отвори душата: Со ова емотивно писмо ги растажи фановите

 

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на навивачите на исклучително емотивен начин.

Тој, на својот Инстаграм профил објавил неверојатно емотивно писмо во кое до детали опишал низ што сè минувал во изминатиот период.

 

Писмото ви го пренесуваме во целост:

“Пред да ги споделам со вас моите најдлабоки мисли, сакам да ви се заблагодарам за вашата љубов и поддршка во тешките, но и добрите времиња. Многу ми значи тоа и знам дека не беше лесно да бидете тука кога работите беа нејасни. Затоа, ви благодарам!

Често го користиме зборот неверојатно за да ги опишeме големите успеси. Мене тој збор некако целосно ми го поништува тој успех и она што го прави истиот толку голем. ВЕРБАТА во себе, во своите способности, силата и истрајноста. За мене ВЕРБА е да можам и таа ми помогна да одам чекор напред во моментите кога најмногу се сомневав и патев. Тој пат секој мора да го помине порано или подоцна, а отпорот само го одложува напредокот. Многумина ми дадоа свое мислење и совет, не можам да кажам дека не ги слушав, дека тие не ме збунија…да. Но, ВЕРБАТА ме одржа на вистинскиот пат.

Постојат неколку лекции кои можам да ги споделам со вас, а кои ги научив во последните неколку месеци. Неверојатно не постои. Не постојат граници. Она што го гледаш и го замислуваш во главата, тоа го остваруваш во животот. Кога на сите предизвици одговораш храбро, со силен карактер и самодоверба – веќе си победник, без оглед на конечниот резултат. Ти ги градиш своите навики, а тие чекор по чекор те носат кон целта.
Затоа мои пријатели, прифатете ги проблемите и верувајте во силата на вербата. Може да ве однесе било каде”, напишал Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

 

 

 

13.09.2018 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега