Мицкоски му порача на Мичел: Не отстапуваме од ставот за штетниот Договор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (13 септември 2018-та година) оствари средба со помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

          На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

          Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ  е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник.

          Воедно Мицкоски подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела.  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање.

          Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.

 

 

 

13.09.2018 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега