Могерини: Не ви се мешам во домашната политика но излезете и гласајте

„На 30-ти септември кога ќе излезете на гласање, запамтете дека вие го имате клучот за вашата иднина. Немојте да молчите, клучевите се кај вас и немојте да ја пропуштите ова можност, бидејќи се работи за вашата иднина“.

Ова го порача шефицата на европска дипломатија Федерика Могерини по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Старата чаршија.

Могерини истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија и дека само со заедништво и посветеност може да се постигне многу во однос на просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, а ги повика и сите да гласаат, но рече дека нема да се меша во домашната политика.

 

 

 

13.09.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега