Иванов на 30. септември ќе биде во Скопје - не се знае дали ќе гласа на референдумот

И покрај гласините дека претседателот Ѓорѓе Иванов нема да биде во Скопје на 30. септември кога треба да се одржи референдумот, сепак, неофицијално, МКД.мк  дознава дека претседателот од САД ќе се врати на 29. септември.

Сѐ уште не се знае дали Иванов ќе излезе да гласа на референдумот, но според досегашните негови изјави можно е претседателот да го бојкотира референдумот. Како што пишува МД.мк Иванов за неговиот став ќе се изјасни набрзо.

Инаку, Иванов наредната недела заминува за САД, каде што треба да учествува на Генералното собрание на ОН, и според најавата од Њујорк, тој ќе се обрати на 27 септември.

 

 

 

 

 

13.09.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега