Обвинет до Арсовски: Дали јас ви помогнав да ја спасите повредената колешка?

Поранешниот пратеник Петар Арсовски енеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје за настаните на 27. април каде истакна дека 30 годишен маж му помогнал да ја однесе повредената пратеничка Милева Ѓорѓиева во амбулантата во Собраниет.  Обвинетиот Влатко Трајковски го праша дали може да одговори дали тој е лицето за кое вели дека му помогнал, пренесува Фокус.

Обвинителката Вилма Рускоска не му дозволи на Арсовски  да одговори на прашањето, бидејќи станува збор за директно прашање, а не за вкрстено како што е дозволено.

 

По ова обвинетиот го преформулираше прашањето па запраша дали тој наликувал на човекот кој Арсовски го опиша дека му помогнал. Арсовски истакна дека сличноста е многу голема, но не може сто посто да потврди бидејќи на кратко му го видел ликот.

 

 

 

13.09.2018 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега