ДУИ во Дебар: Албанците и Македонците немаат друга алтернатива, да кажеме ДА

Демократската Унија за Интеграција денес во Дебар оствари средба со граѓаните во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
 
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Дебар истакна дека ДУИ беше дел од постигнување на Договорот од Преспа се до прифатливото решение за двете страни и сме убедени целосно дека овој момент не треба да се потцени и треба да се гласа на 30 септември.
 
"Овие се историски моменти, се одлучува за нашата иднина и ние друга иднина освен НАТО  и Европската Унија немаме, го зацврстуваме мирот, безбедноста, стабилноста, иднината и развојот. Нека каже некој дека Албанците и Македонците имаат друга алтернатива од ова што се нуди и ќе се гласа на 30 септември. На 30 септември ќе се мобилизираме и организираме многу добро и нашиот успех ќе биде многу силен  затоа што следи друг важен чекор да им го земеме аргументот на сите дефетисти  и да гласаме уставни измени заедно 120 пратеници за иднината на нашата земја." рече претседателот на ДУИ, Ахмет.
 
Во пресрет  на активностите за референдумот, Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција  утре ќе биде присутен во Општина Долнени и Пласница.
 

 

 

12.09.2018 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега